Совети за подобрување на интимноста во врската по раѓањето на детето

Основањето семејство е една од најголемите пресвртници во врската. Значи, разбирливо е дека кога парот има дете, тоа го бара целото нивно внимание, оставајќи многу малку време за нешто друго.

Повеќето родители се жалат на недостаток на сон, неуредни домови и слично. Сепак, влијанието кое родителството може да го има врз врската, особено на сексуалниот живот, не се дискутира често. Одржувањето на интимноста може да биде вистински предизвик за некои парови и може да доведе до тешкотии во врската ако не се реши.

Психосексуалниот терапевт, Елинор Харви, сака да поттикне отворени дијалози меѓу новите родители, помагајќи им да постигнат рамнотежа помеѓу родителството и одржувањето на силна врска како двојка.

Таа сподели четири совети за подобрување на интимноста во врската по раѓањето на детето.

Не паничете
Харви вели дека никогаш не е доцна да се започне со решавање на проблемите со интимноста.

„Притисокот, анксиозноста и срамот се тотални убијци на либидото, затоа обидете се да зачекорите повеќе во сочувствителен начин на размислување. Ова е особено важно во пресрет на Денот на вљубените кога може да има голем притисок да имате совршена врска“, изјави за Huffpost.

Важно е да запомните дека е разбирливо ако не сме размислувале за нашиот сексуален живот, но не мора да биде така засекогаш. Се советува да започнеме со разговор со партнерот за тоа како се чувствуваме и како би сакале да ја подобриме интимната страна на врската.

Искористете ги малите моменти
Малите допири и моментите на љубов можат да направат голема разлика.

„Обидете се да го прегрнете и бакнете партнерот кога ќе го видите после работа. Нежно допирајте го по раката или грбот додека зборувате. Овие мали чинови можат да значат толку многу кога и на двајцата ви треба физичко внимание“, советува Харви.

Направете листа на интимни активности
Ова може да не ослободи од притисокот да мораме да имаме целосен однос, што може да биде незгодно ако мајката сè уште се опоравува. Затоа, ваквата листа може да биде забавна вежба за двајцата партнери да споделат различни идеи за интимност, како заедничко капење, сензуална масажа или бавен танц.

„Исто така, ви помага да размислувате за она што го сакате, наместо да се фокусирате на она што не го сакате. Проверувањето на нештата од вашата нова листа може да ја додаде потребната доза на новина, што е клучно за здрави врски, затоа забавувајте се“. предлага терапевтот.

Пробајте ја играта од три минути
Во оваа игра, партнерите си поставуваат две прашања: „Каде би сакале да ве допрам за три минути? и „Каде би сакале да ме допирате три минути?“.

„Разградувањето на интимноста на триминутни делови е фантастичен начин да ви помогне да размислувате позитивно за допирот. Исто така помага да се подобри комуникацијата околу интимноста“, вели Харви.

Тешко е да се даде приоритет на врската кога животот е толку исцрпувачки, но задоволството од животот расте со задоволството од врската, па вреди да се вложи труд.

„Запомнете дека дури и малите гестови се важни и често поодржливи од големите. Ваквите мали акции навистина можат да изградат поблиска и поповрзана врска“, заклучил терапевтот.

Изовр: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни