„Кога моето седум годишно дете беше многу мало беше доста пребирливо околу тоа што ќе јаде. Не сум изненадена што една од најчестите теми на разговор меѓу младите родители е убедувањето на децата да јадат здрава храна“, вели Џенифер Андерсон.
Како диететичар и основач на Kids Eat in Color, им помагам на родителите да создадат пријатна и привлечна средина за јадење како нивните деца ќе уживаат во здравата храна.
Андерсон посочува дека по повеќе годишното набљудување на децата кога јадат открила дека одредени фрази ги тераат да создадат одбивност кон здравата храна, особено кон зеленчукот на пареа, на прво место со брокулата. Таа на едноставен начин укажува како на детето да му се развие позитивен однос кон здравата храна.
- „Можете да јадете десерт откако ќе ја изедете брокулата“.
Кога користите слатки за да го убедите детето да јаде нешто што не го сака, сè што слуша е: „Само да знаете, брокулата е лоша. Толку е лоша што морам да те поткупам за да ја јадеш“.
За ваквиот начин диететичар Андерсон вели дека е погрешен. Смета дека на децата треба да им се прикаже урамнотежена перспектива за храната, а споредувањето на различните намирници не ги охрабрува децата да уживаат во нови оброци.
Што можете да кажете: „Можеш да ја јадеш брокулата кога си подготвен“.
На ваков начин им се дава избор на децата и честопати функционира подобро од било кој поткуп. Секогаш внесете приказна во тоа што им го давате на малите деца и тие така полесно ќе го прифатат нештото. На пример, можете да се создадете приказна дека брокула е микрофон и да пеете пред да ја јадете. Тоа ќе го поттикне вашето дете да комуницира со брокулата наместо на неа да гледа како на нешто непријатно.
- „Ако молчиш, ќе ти дадам колаче“.
Еве уште една фраза што ги става слатките на пиедестал. Колку повеќе благото т.е грицките се користат како награда, толку повисоко одат на тој пиедестал.
Како резултат на тоа, вашето дете се повеќе ќе сака да јаде благи работи и грицки отколку било која здрава храна.
Што можете да кажете: „Можеме да ја играме твојата омилена игра вечерва ако си тивок“.
Изберете награди кои не вклучуваат храна, а во колачињата уживајте кога е време за тоа.
- „Уште еден залак и после може да не јадеш“.
Ова во суштина значи: „Не можеш да кажеш „не“, без оглед на тоа како се чувствуваш“.
Присилувањето на вашето дете да јаде може да го научи да го игнорира чувство на глад и ситост.
Што можете да кажете: „Ние велиме „не благодарам“ кога не сакаме да јадеме нешто“.
Наместо да го натерате вашето дете да касне уште еднаш, научете го како учтиво да одбие храна.
- „Ќе ме израдуваш ако каснеш уште три залаци“.
Родителите се во искушение да ја користат оваа фраза кога се загрижени дека нивните деца не јадат доволно за да ги добијат соодветните хранливи материи. Но, тоа само ги учи децата дека треба да развијат добри навики во исхраната за да ве направат среќни. Но кога ќе ги научите дека треба да се фокусираат на бенефитот од здравата храна тогаш сте ја постигнале целта.
Што можете да кажете: „Морковите имаат многу витамин А, кој е добар за видот и помага да гледаме подобро!“
Објаснете му на вашето дете што прави здравата исхрана за неговото тело.
Џенифер Андерсон е регистриран диететичар и магистер по наука за јавно здравје на Факултетот за јавно здравје „Џон Хопкинс“. Во 2019 година, таа го основа Kids Eat in Color, центар кој им помага на семејствата да ги хранат своите деца од првиот залак цврста храна до основното училиште.
Извор: cnbc.com