Соул-божицата Марта Хај на 29. Златна Бубамара

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Омилената манифестација, Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширувасвоите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда.

Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за еднаод највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и познатапоради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше двекариери – сопствената соло и кариерата на прв придружен вокал на Џејмс Браун.

Настапувала на иконични концерти, кои биле вистинска пресвртница во музиката одконцертот во Бостон Гарден 1968 до серијата европски концерти со Лин Колинс,насловени „James Brown’s Funky Divas Tour“ во 2005.Од своите почетоци во 1967, кога како членка од групата The Jewels го придружувашеЏејмс Браун, Марта Хај остана негов повеќедецениски придружен вокал следните 32години. И кога The Jewels се растурија. Во децениите со него, снимаше и самостојниалбуми како „Sal Soul“ во 1979, продуциран од Џејмс Браун.

Во нејзината кариера евклучено и создавањето на неколку соул – групи.Биографија на Марта Хај објаснува зошто е наречена највредната дама во шоу-бизнисот.Настапувала и со некои од најпознатите музичари, како Литл Ричард, Џери Ли Луис,Темптејшн, Арета Френклин, Пати ЛаБел, Б.Б.Кинг, Мери Џи Блајџ, Стиви Вондер,Принс, Мајкл Џексон, Полис и многу други.

Нејзинитот моќен вокал и денес звучи чудесно и потпишува обемно музичко наследство,во кое освен соул и фанки, има и многу блуз и џез – мелодии.

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе култната „I Feel Good“ – во очекување сите во салата Борис Трајковски дасе чувствуваат добро во вечерта на 26 февруари, на 29. Златна Бубамара на популарноста

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни