Состојбата на Санторини се подраматична, масовна евакуација и страв од цунами

Заради страв од посилен земјотрес кој би можел да предизвика и цунами, на населението и туристите на Санторини им е препорачано да го избегнуваат крајбрежјето и старите згради, да ги исчистат базените и да избегнуваат големи собири во затворени простории.

Грчкиот остров Санторини во последните неколку дена го погодија бројни земјотереси, од кои неколку стотици со магинтуда од два до над пет Рихтерови единици, што предизвикува голема загриженост за тоа што може да следи.

Заради страв од посилен земјотрес кој би можел да предизвика и цунами, на населението и туристите на Санторини им е препорачано да го избегнуваат крајбрежјето и старите згради, да ги исчистат базените и да избегнуваат големи собири во затворени простории.

„Ништо не можеме да исклучиме, затоа ги преземавме мерките на претпазливост за да го ограничиме влијанието на посилен земјотрес“, изјави Костас Папацакас, професор по геофизика на Универзитетот Аристотел во Солун.

Ова е подрачје со вулкан и раседи. Затоа можат да се случат многу работи, но невозможно е да се предвиди што точно. Магнитудите на сите овие потреси всушност се доста силни, активноста е зголемена, но добрата вест е што тоа не е поврзано со вулканска активност, тврдат сеизмолозите.

Заради страв од посилен земјотрес, евакуирано е населението, а оние кои останале добиле упатства. Затворени се пристаништата и внимателно се следи што се случува. Сите служби се подготвени да реагираат во случај на поголема ситуација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни