„Состојба на умот“ – филм снимен во смогот на Скопје

Тој ден толку многу беше загадено во Скопје што не се гледаше ниту прст пред око. Самата загаденост и ПМ честитчки во воздухот интересно, но прв пат овозможија некаков бенефит на извесен начин, во овој случај при снимање на филм

Филмот „Состојба на умот“ е снимен за едно попладне и ноќ, но тој ден во Скопје толку многу беше загадено што не се гледаше ниту прст пред око, истакна кинематограферот Душан Кардалевски на прес-конференција на ИФФК „Браќа Манаки“.

Претставувајќи го филмот кој е во конкуренција за награди од категоријата „Кратка програма“, кинематограферот Душан Кардалевски зборуваше за условите за работа на филмот.

-Избрав да снимам со „Сони венис 2“, брза камера која овозможува повисока осетливост. Користев амбиентални светла, користев излози, продавници…сакав да користам филтрација и затоа нарачав одредени филтри, но тој ден толку многу беше загадено во Скопје што не се гледаше ниту прст пред око. Самата загаденост и ПМ честитчки во воздухот интересно, но прв пат овозможија некаков бенефит на извесен начин, во овој случај при снимање на филм, рече Кардалевски.

Тој додаде дека тешко е да се работи со директор на филмот кој ви е роднина, во случајов сестра, но од друга страна беше полесно затоа што Александра Кардалевска е многу прецизна, кратка, концизна, доаѓа подготвена и точно кажува што се треба да се прави.

– Значи може да потврдам дека соработката со директорката на филмот беше одлична, нагласи Кардалевски.

Фестивалот Манаки завршува денес со свечен церемонијал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни