Руските и украинските претставници ќе се сретнат следната недела во Командата на морнаричките сили на Турција во Анкара за да разговараат за безбедносните услови на Црното Море, пренесе денеска CNN на турски јазик, повикувајќи се на извори од Министерството за национална одбрана на Турција.
Како што се наведува, двете делегации ќе преговараат во вторник и среда, а на состанокот ќе присуствуваат и воени претставници од странски земји. Темата на разговор ќе биде поморската димензија на воените планови за одржување на мирот во регионот на Црното Море, додава CNN.