Овој додаток стана хит за 2026 година

Нема да можете да одолеете на овој тренд. Модните дизајнери ни велат, оваа година важи правилото, што пошаерон, толку подобро

Трендот што доаѓа кај нас ќе им се допадне на сите дами. Чантите во светли бои се враќаат на сцената, кои го зачинуваат секој аутфит на вистински начин. Можете да ги носите наједноставните парчиња облека, кога ќе додадете впечатлива чанта ќе изгледате како милион долари, а најшарените се начин да внесете позитивна енергија во секој ден.

На модните писти дефилилраат чанти кои ќе бидат тоатлен пролетен хит.

Естетиката на осумдесеттите генерално се враќа. Така, целиот гардеробер во светли бои ќе биде во тренд. Мотото на модните дизајнери за 2026 година е, колку повеќе шарено, толку повесело и подобро. Тмурното време и лошото расположение оваа година ќе биде бркано со парчиња во светли бои.

Средно големите чанти ќе бидат најактуелни. Ова му дава на овој тренд уште еден плус, бидејќи може да собере сè што ни треба.

Ако ви се допаѓа овој правец, но не сте сигурни во која боја да го изберете овој хит додаток, најдобро е да ги следите упатствата на модните дизајнери.

Најсмелата боја, црвената оди со речиси сè. Одлично оди со кафеава, тегет, па дури и со сите нијанси на розова.

Портокаловата неофицијално е хит бојата оваа година, а сината оди рака под рака со неа, за која велат дека ќе ги преплави сите парчиња облека.

По нив следува зелената боја, која ќе биде на самиот врв на листата на трендови во следните 12 месеци.

За оние кои се помалку смели, се препорачува да носат чанта во светла боја со монохроматски стилови или во комбинација со гардероба во некои попригушени нијанси, а оние малку похрабри дами можат да ја остават својата имагинација слободна и да пробаат комбинации на бои кои ќе привлечат внимание.

Црвената и розовата, како и сината и жолтата, зелената и портокаловата или розовата и тиркизната се хит.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни