Соседите прават електричен автомобил, ќе чини помалку од 18.000 евра

Производителот на автомобили Дачија, во сопственост на Рено, наскоро ќе развие нов електричен автомобил кој ќе чини помалку од 18.000 евра, изјави извршниот директор на групацијата Рено, Лука де Мео.

Според францускиот „Фигаро“, овој мал, но економичен електричен автомобил ќе биде произведен во Европа за помалку од 16 месеци.

Се очекува групацијата Рено годинава да претстави уште еден достапен електричен автомобил – новиот „Твинго“, кој е дизајниран во Кина, а ќе се произведува во Словенија и ќе чини помалку од 20.000 евра (без субвенции).

Лука де Мео ги повика конкурентските компании побрзо да развиваат нови модели, додавајќи дека идните модели на групацијата Рено ќе мора да бидат дизајнирани за „помалку од 100 недели“, односно за 23 месеци.

Дачија во 2021 година постигна значителен успех со достапното електрично возило „Спринг“, кое беше произведено во Кина и имаше ограничен досег. Сепак, овој модел сега е под удар на зголемените европски царини за електрични возила произведени во азиските земји.

Групацијата Рено, исто така, објави дека имала успешна година, со пораст на приходите од 7,4% во 2024 година, достигнувајќи 56,2 милиони евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни