„СОС“ за пацифичките острови – тие се најпогодени од загревањето на океаните

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш вели дека океанските температури на пацифичките острови драматично се покачуваат и дека нивното население е најизложено на влијанието на подигнувањето на нивото на морињата.
Фото: See Ming-Lee, Flickr CC-BY-NC 2.0

На Форумот на пацифичките острови, кој се одржува на Тонга, Гутереш истакна дека заклучоците на извештаите покажуваат дека во изминатите 30 години Пацификот е најпогоден од растот на нивото на морето, на некои место и двојно над глобалниот просек.

„Во Тонга сум за да издадам СОС – Спасете ги нашите мориња (Save our Seas) – поради растот на нивото на морињата“ рече Гутереш.

Тој додаде дека поради тоа има почести и писилни бури и поплави на крајбрежните места.

„Тие поплави ги голтаат крајбрежните заедници, го уништуваат риболовот и поседите. Ја трујат водата за пиење. Сето тоа ги става народите од пацифичките острови во голема опасност“ потсети Гутереш.

Фото: rawpixel.com

За време на седумдневниот состанок на 18 лидери на пацифичките острови, најмногу внимание се посветува на климатските промени и безбедноста.

Гутереш посочи дека на сите земји од атолот им се заканува пораст на нивото на морето, од Тонга до Австралија, еден од најголемите производители на јаглен, фосилно гориво за кое Гутереш вели дека мора постепено да се исфрли на глобално ниво и дека „ситуацијата е различна во различни земји“.

Извештајот на Светската метеоролошка организација (WMO) покажува дека температурите во водите на југозападниот дел на Пацификот се зголемуваат со брзина три пати поголема отколку во остатокот од светот.

„Пацифичките острови се изложени како никаде на друго место. Тоа е област со надморска височина од само еден до два метри. Половина од инфраструктурата е до 500 метри од морето“, посочи Гутереш.

Без намалување на емисиите на стакленички гасови, овие острови може да очекуваат дополнително зголемување на нивото на морето за 15 цм до 2050 година и 30 дена крајбрежни поплави.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни