Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог помеѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен денеска престојуваше во ненајавена посета на Косово, каде што се сретна со главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими.
Соренсен по средбата со Бислими изјави дека дошол во посета како дел од неговиот мандат и најави посета на Белград.
Соренсен ги посети и Приштина и Белград во март. Тогаш тој во Приштина истакна дека приоритет е да се одржат средби помеѓу претставниците на Србија и Косово, на кои ќе одлучат дали сакаат компромис.