Сора „го збриша“ ChatGPT — Милион преземања за помалку од пет дена, побрзо од

Нова OpenAI апликација за генерирање видео, Сора, постигна рекордни милион преземања за помалку од пет дена, надминувајќи го ChatGPT. Ограничена достапност, голем интерес и контроверзи за реалистичноста на видеата и ризикот од лажна содржина.

Нова апликација на OpenAI за генерација на видео преку вештачка интелигенција, наречена Sora, забележа неверојатен успех веднаш по лансирањето. Сора ја достигна бројката од милион преземања за помалку од пет дена, што е побрзо од времето што му беше потребно на мегапопуларниот ChatGPT да го направи истото.

Поголем раст од ChatGPT: Во првиот ден, Сора имаше 56.000 преземања и веднаш се најде на 3-то место на американскиот App Store, а потоа го зазеде и првото место. Според податоците од аналитичката компанија Appfigures, во првите седум дена, Сора имала 627.000 преземања на iOS, додека ChatGPT имал 606.000.

Ограничена достапност, но голем интерес

Сора беше лансирана со неколку ограничувања — достапна е само преку покани, само во САД и Канада, и само на iOS уреди.

Предизвици и критики

Поради огромната побарувачка, се појавија и лажни апликации кои собраа околу 300.000 преземања. Просечната оцена на Сора на App Store е ниска — 2,8 од 5. Користниците се поделени: многумина ја ценат реалистичноста на видеата, но има и загриженост дека апликацијата може да овозможи создавање на лажен и манипулативен видео-содржина, која може да биде штетна, особено за деца.

Еден корисник напишал: „Луѓето мора да знаат дека преку Сора е премногу лесно да се создаде штетна содржина и да се пласира, на пример, на TikTok.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни