Неговата „Буба“ од 1963 година не е само автомобил – таа е вистински член на семејството, а Алберт со неа се однесувал подобро отколку што многумина се однесуваат со своите миленичиња.
Благодарение на неговата посветеност, автомобилот досега има поминато 2,5 милиони километри, пренесува City Magazine.
Секако, тоа не се случило само од себе. Во текот на годините, Алберт – кој потекнува од Штутгарт, Германија – заменил седум мотори, три менувачи и 150 гуми, за возилото да го издржи овој подвиг.
Во сите делови и поправки вложил повеќе од 38.000 долари (околу 35.000 евра), но вели дека секој цент вредел – „Бубата“ и денес е во совршена состојба.
„Ако имате добар пријател, можете целосно да се потпрете на него,“ изјавил Алберт и додал: „Истото важи и за овој автомобил.“
Клајн ја купил својата „Буба“ за 1.800 долари, со само една цел – да помине што е можно повеќе километри со неа.
Американските медиуми со години го следат неговиот случај, а уште во 1987 година Алберт изјавил дека не планира никогаш да се откаже од својата „Буба“ и од возењето.
Во текот на 24 години, внимателно бележел сè – од секое сервисирање до секој потрошен литар гориво. Според неговите податоци, автомобилот досега „испил“ 134.760 литри бензин.
Со својата „Буба“, Алберт го истражил Северна, Јужна и Средна Америка, возејќи низ безброј патишта и приказни.
Неговиот конечен сон? Да го собори рекордот за најмногу поминати километри со Volkswagen и потоа својот легендарен автомобил да го подари на музејот на Volkswagen во Германија.
Неговата приказна е доказ дека љубовта, трпението и посветеноста можат да направат чуда – па дури и да претворат стар автомобил во безвременска легенда.
Извор: N1info.rs