Сопственикот на „Лабубу“ кукличките заработи 1,6 милијарди долари за 24 часа

„Лабубу“ е најголемата ѕвезда на Pop Mart – кукла со големи очи и вилински уши, која стана култен феномен

Кинеската компанија Pop Mart, позната по своите колекционерски „blind box“ кутии, неодамна направи својот генералниот директор милијардер со заработка од 1,6 милијарди долари за само еден ден. Таа добивка дојде благодарение на огромната популарност на нивните кукли „Лабубу“.

„Blind box“ концептот е една од причините за овој успех. Во овие кутии не се знае која играчка ќе добиете додека не ја отворите, а елементот на изненадување ги привлекува обожавателите да купуваат повторно и повторно. Ограничените серии и вештачката реткост создаваат чувство на итност и емоционална врска со производот.

Pop Mart не продава само играчки, туку можност за собирање и припадност кон заедница која живее со „FOMO“ ефектот – стравот дека ќе пропушти нешто важно. Ретките фигурички се продаваат и на втор пазар по повисоки цени, што ги прави вистински инвестиции.

„Лабубу“ е најголемата ѕвезда на Pop Mart – кукла со големи очи и вилински уши, која стана култен феномен. Дури и светски познатата пејачка Ријана е забележана со една таква кукла закачена на чантата, што дополнително ја зголеми популарноста.

Основан од Ванг Нинг во 2010 година со заем од 30.000 долари од семејството, Pop Mart постојано растеше. Ванг стана милијардер во 2020 година, но продолжи да инвестира во бизнисот, кој во 2024 година започна со тих продор на американскиот пазар.

Во мај 2025 година, Pop Mart стана вистински хит, особено преку апликацијата и социјалните мрежи како TikTok, каде што „Лабубу“ куклите станаа глобален феномен.

Заклучокот е јасен – не треба да сте технолошка компанија за да создадете бизнис вреден милијарди долари. Понекогаш доволно е да разберете како луѓето мислат и чувствуваат, и да изградите бренд околу тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни