Во центарот на Подгорица е демолиан ресторанот на турски државјанин. Веста ја објави „Очи Подгорица“.
Тие информираат дека во текот на ноќта, барот кој бил во сопственост на турски државјанин бил целосно демолиран.
За веб-страницата „Очи Подгорица“, тој изјавил дека целосно ја разбира лутината на граѓаните поради инцидентот во Забјело, во кој неговите сонародници со нож му нанесоа сериозни повреди на млад човек од Подгорица.
„Ги разбирам реакциите на луѓето, тие се во право. Да се случеше нешто слично во мојата земја, ќе реагирав на ист начин. Затоа не можам да бидам лут за она што се случи – рекол тој за Очи Подгорица“, пренесува РТЦГ.
Во населбата Забјело во Подгорица, полицијата синоќа спроведе рации, откако М.Ј. (25) од Подгорица беше претепан и избоден со нож во тој дел од градот претходната ноќ.
Порталот пренесува дека револтираните жители на населбата скандирале против Турците.
Медиумите пренесуваат дека голем број на полицајци и инспектори биле на терен, кои освен посоечната локација каде се случил инцидентот, биле исконтролирани и неколку други локации во тој дел од градот.
