Сопственикот на Дејли Меил, компанијата DMGT, објави дека се согласил да го купи конкурентскиот весник The Telegraph за 500 милиони фунти или 650 милиони долари.
Ваквата зделка најверојатно создава една од најмоќните десничарски медиумски групи во Велика Британија, објави Ројтерс.
Договорот доаѓа една недела откако американската инвестициска фирма RedBird Capital Partners ја повлече својата понуда за купување на Telegraph, еден од најголемите британски весници.

Извор близок до RedBird, за Ројтерс изјави дека се откажале од купувањето поради континуираното противење од страна на вишите уредници на Telegraph.
Оние кои се запознаени со преговорите велат дека трансакцијата вредела околу 500 милиони фунти, а Financial Times рече дека цената е одредена за да ги покрие парите за конзорциум предводен од RedBird.
