Сопственичката се шминкаше во четири часот наутро, мачката се обидуваше да остане будна

На ТикТок се појави видео од мачка која се обидува да остане будна додека нејзината сопственичка се шминка во четири часот наутро. За само неколку минути видеото насмеа многумина до солзи.

Сопственичката објасни дека мачката се обидувала да остане будна за да ја гледа, додавајќи дека секогаш седи до неа кога се шминка.

Видеото достигна 1,6 милиони прегледи и речиси половина милион лајкови.

Исто така видеото наиде и на лавина коментари:

„Колку е само убава и таа сака да се нашминка“, „Срцка, требало да ја пуштиш преку ред“, „И тие сакаат да се убави…“

Видео: ТикТок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни