Сопствен дом или слобода? Зошто Европејците избираат живот под кирија

Високите цени на недвижностите, долгото штедење за депозит и желбата за мобилност ја менуваат традиционалната перцепција за сопствен дом во Европа.

Сè повеќе Европејци се откажуваат од идејата за сопствен дом и избираат живот под кирија. Според најновите податоци од извештајот на Re/Max Европа, стапките на сопственост опаѓаат во повеќе европски земји, додека изнајмувањето станува сè поприфатлива и свесна одлука.

Во Велика Британија, Франција, Германија, Романија и Чешка е забележан пад од 2% на сопственоста на домови, 3% во Хрватска и Унгарија, а дури 9% во Турција. Во Австрија, Швајцарија и Германија мнозинството граѓани живеат под кирија.

Иако високите цени и трошоците за купување се сериозна пречка, тие не се единствената причина. Повеќе од половина од анкетираните велат дека се задоволни од моменталната состојба, додека дел од нив сакаат да избегнат долгорочни финансиски обврски. Во просек, потребни се 7,3 години за да се заштеди за депозит, а во некои земји и до 10 години.

Покрај финансиските фактори, мобилноста и флексибилноста играат сè поголема улога. Дел од Европејците свесно избираат изнајмување за да можат полесно да се преселуваат поради работа или лични приоритети.

Изгледа дека за новите генерации сопствениот дом повеќе не е единствена животна цел – слободата на избор станува подеднакво важна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни