Сопругата на Брус Вилис откри зошто веќе не живеат заедно: „Најтешката одлука во животот“

Ема Хеминг Вилис открива дека Брус Вилис живее одделно поради деменција, за доброто на нивните ќерки. „Секогаш сме покрај него“, вели таа.

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, сподели нови детали за нивниот семеен живот откако славниот актер се соочува со фронтотемпорална деменција (FTD).

Во гостувањето во емисијата Emma & Bruce Willis: The Unexpected Journey кај Дајан Сојер, 47-годишната Ема објасни зошто Брус веќе не живее со неа и нивните ќерки — 13-годишната Мејбел и 11-годишната Евелин. Сега тој престојува во куќа на приземје со целодневна нега од професионални негователи.

„Една од најтешките одлуки во мојот живот“

„Тоа беше една од најтешките одлуки што сум ги донела“, призна Ема. „Но знаев, пред сè, дека Брус тоа би го сакал за нашите ќерки. Тој би сакал да бидат во дом што е прилагоден на нивните потреби, а не на неговите.“

Истакна дека и таа и ќерките и понатаму се постојано со него. „Често сме таму за да бидеме со Брус,“ додаде таа.

„Тоа е наш втор дом, па девојчињата таму си имаат свои работи,“ сподели Ема. „Куќата е исполнета со љубов, топлина, грижа и смеа. Прекрасно е да се види — да се види колку пријатели и понатаму го посетуваат. Тие носат живот и радост.“

Шокот од дијагнозата

Иако семејството успеало да воспостави функционален нов начин на живеење, Ема призна дека дијагнозата FTD на почетокот силно ја погодила и неа и децата.

„Се чувствував дека она низ што поминуваме како семејство, и низ што поминува Брус, е толку единствено,“ се присети таа. „Бев многу загрижена — за спиењето, за безбедноста во домот. Мораш да размислуваш за шпоретот, замрзнувачот, фрижидерот, вратите…“

Ема објасни дека гласни звуци понекогаш предизвикуваат непријатни реакции кај пациенти со FTD, па затоа престанала да организира дружења и преспивања кај нив дома. „Не знаев дали другите родители би се чувствувале удобно да ги остават своите деца кај нас,“ рече таа. „Не само што јас се изолирав, туку ја изолирав целата наша фамилија. Девојчињата исто така беа изолирани — и тоа беше намерно. Јас го направив тоа. Тоа беше тежок период. Навистина тежок.“

И покрај сè, Ема во интервјуто откри дека, во среде борбата на Брус со болеста, научила да биде благодарна за малите нешта.

„Кога сме со него — тој сјае,“ рече таа. „Не држи за рака, го бакнуваме. Го гушкаме. Тој возвраќа. Тој е присутен.“

„Тоа е сè што ми треба,“ додаде Ема. „Не ми треба да знае дека сум му сопруга, дека сме се венчале на одреден датум. Не ми треба ништо од тоа. Само сакам да чувствувам дека имам врска со него — и ја имам.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни