Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Пулс повикани на распит во полиција

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица. Од вчера обвинителскиот тим се прошири на 11 истражители планираат да направат распит на повеќе од 300 сведоци

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов – Деко од вчеравечер се во полициска станица,  дознава Телма. Според нашите извори тие се дел од лицата со кои е извршен распит како лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Од обвинителството и МВР не потврдуваат, но информираат дека вчера и денеска се вршеле претреси, распити и се одземале докази за истрагата за траорниот пожар во дискотеката во Кочани.


„Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“ стои во соопштението на обвинителството.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица. Од вчера обвинителскиот тим се прошири на 11 истражители планираат да направат распит на повеќе од 300 сведоци.

Извор Телма

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни