Сообраќајот се одвива нормално на државните патишта, но внимателно на клисури и усеци

Државните патишта се проодни со суви коловози, но ЈП Македонијапат апелира на внимание поради можно појава на одрони на усеците и клисурите

Сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива непречено и коловозите се суви, информираат од ЈП Македонијапат

Сите патни правци се проодни, но на одредени делови кои поминуваат низ усеци и клисури може да се појават поситни одрони

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, со цел безбедноста на возачите да биде максимално обезбедена

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни