Во близина на градот Уб денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа, кога автобус со десетина патници излетал од патот и завршил во нива.
Во несреќата се повредени три деца на возраст од 8, 14 и 16 години, кои биле на пат кон тренинг. Две од нив се пренесени во Ургентниот центар во Ваљево, додека третото дете сè уште се транспортира од страна на итната помош.
Според изјавата на дежурниот хирург, децата имаат исеченици и гребнатини, но дополнителните лекарски прегледи сè уште траат.
Извор: Nova.rs