Околу 12 часот денеска, на булеварот Илинденска, во близина на фонтаната Лотус во Градскиот парк во Скопје, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Според сведоци на настанот, до судирот дошло откако возило џип направило погрешно престројување, при што удрило во мотоциклист кој вршел достава на храна за компанијата Волт.
На местото на несреќата интервенираат полициски екипи, а возачот на моторот е пренесен на скопските клиники.