Министерството за внатрешни работи информира дека денес попладне се забележани сериозни проблеми на повеќе патни правци во Македонија.
Во 17:35 часот, на автопатот Скопје–Велес, веднаш после тунелот „Бадар“, се случи одрон од карпа кој ги зафати двете ленти. Сообраќајот засега се одвива, а на лице место се полициски службеници и екипи од „Македонија пат“ за отстранување на опасноста.
Покрај тоа, од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај село Бучин во Крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци:
- с.Бучин – Д.Хисар
- с.Бучин – с.Обршани
- с.Бучин – с.Трноци
Од 18:15 часот е воведена и забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга–Ќафасан, со цел заштита на возачите и избегнување несреќи.
Дополнително, патниот правец Пробиштип–Леговец е затворен за сообраќај во двата правци од 18:30 часот поради сообраќајна незгода и вршење на увид.
Министерството за внатрешни работи презема сите мерки за отстранување на пречките и нормализирање на сообраќајот, а апелот до граѓаните е: да ги почитуваат сообраќајните правила и поставената сигнализација, задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема, да возат внимателно, особено во критични и поплавени подрачја
Ситуацијата се следи континуирано и јавноста ќе биде навремено известена за сите промени.
