Возач со џип прегази жена на пешачки кај „Јосип Броз Тито“ и побегна од местото на несреќата

Несреќата се случила во центарот на Скопје, кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, кога жена-пешак била удрена на обележан премин, а возачот кукавички избегал. Полицијата трага по осомничениот.

Во центарот на Скопје, денес попладне се случи тешка сообраќајна несреќа во која жена-пешак беше прегазена на пешачки премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, по што возачот побегнал од местото на инцидентот.

Според информациите објавени од очевидци, жената поминуваше уредно на пешачкиот премин, кога во неа удрил џип кој не застанал. По ударот, возачот се оддалечил со голема брзина, оставајќи ја повредената жена на коловозот.

Екипа на Брза помош пристигнала веднаш и ја пренела жената на лекување во Градската општа болница „8 Септември“, каде што засега нема официјални информации за нејзината здравствена состојба.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека се работи на идентификација на возилото и возачот, при што се прегледуваат безбедносните камери во околината.

На социјалните мрежи веќе се споделува видео од инцидентот, кое предизвика бројни реакции кај јавноста. Една скопјанка напиша: „Сред Центар, да прегазиш човек на пешачки премин и да побегнеш кукавички — си најзлобното суштество-човек.“

Официјални информации од полицијата се очекуваат во текот на вечерта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни