Sony најави ретро PS5 и PS5 Pro за прослава на 30-годишнината

Фановите на PlayStation не беа највоодушевени од најавата за новиот PS5 Pro, но компанијата ги врати симпатиите со објавата на специјалната колекција за 30 годишнината од играчката конзола.

„За да ја прославиме оваа 30-годишнина, моравме да создадеме нешто што ја почитува историјата и радоста што ни ја донесе PlayStation на сите“, рече извршниот директор на бизнис платформата на PlayStation, Хидеаки Нишино.

Сите конзоли и додатоци се излиени во класична сива боја на PlayStation и го имаат старото шарено лого на PlayStation создавајќи изглед дизајниран да го таргетира секој орган за носталгија со хируршка прецизност.

Колекцијата за 30-годишнината се продава во пакет, што вклучува конзола PS5 Pro, два контролери, станица за полнење на контролорот, држач за конзола, налепница. Sony сè уште не открива колку ќе чини пакетот, а преднарачките започнуваат на 26 септември. Ако го сакате тој пакет PS5 Pro, ќе треба да бидете брзи, бидејќи Sony прави само 12.300 од нив.

Извор: The Verge

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни