Сони ќе ги откупи правата на музиката на Пинк Флојд за 500 милиони долари

Сони Мјузик преговараат за откупување на правата на музиката која ја снимила легендарната англиска рок група Пинк Флојд за околу 500 милиони долари, пренесе Financial Times.

Продажбата на каталогот на Пинк Флојд е во игра веќе неколку години. Бендот бил блиску до договор во 2022 година, но расправијата помеѓу членовите, првенствено поради контроверзните политички изјави на главниот текстописец Роџер Вотерс против Израел и Украина, ја искомплицираа работата.

Меѓутоа, изворите сега велат дека Сони Мјузик, кои изминатите години потрошија милијарди долари за правата на музиката на Брус Спрингстин, Боб Дилан и Квин, се во напредни преговори за правата на Пинк Флојд.

Деталите за договорот не се познати, а и претставници на бендот, но и на Сони одбиваат да коментираат додека договорот не е завршен и формално.

Најново

Последни колумни