Сонце, снег и чист воздух за сите генерации на Водно

Вчерашниот ден донесе вистинска зимска идила на Водно, каде што бројни скопјани уживаа во природните убавини што оваа наша планина несебично ги нуди. Од најмладите до најстарите, љубителите на свежиот воздух и активниот одмор го искористија сончевото време за да избегаат од градскиот метеж и да се поврзат со природата.

На Милениумскиот крст, снежната покривка создаде совршена сценографија за игри и зимски спортови, додека на Средно Водно владееше порелаксирана атмосфера. Под зимското сонце, посетителите шетаа, се собираа околу пикник масите и уживаа во топлите напитоци со поглед на градот кој блескаше оддалеку.

Како и секоја година, на новогодишната патека не изостана накитената елка, симбол на празничниот дух што ги грее сите срца.

Водно е повеќе од планина – тоа е наш природен храм на здравјето, среќата и мирот. Водно е местото каде што телото и умот се полнат со енергија, а дишењето станува полесно. Секогаш ни напомнува дека природа е вистинската новогодишна магија, достапна за секого.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни