Магедонските граѓани денеска можат да уживаат во убавото време. Прогнозите на УММР се одлични.
Од таму информираат дека денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Дури попладне облачноста ќе се зголеми.
Во македонската метропола, Скопје, исто така ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.