Сончево, посвежо и ветровито со температури до 31 степен

Денес не очекува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност ширум земјата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 22 до 31 степен Целзиусов.

Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.

Според најавите од синоптичарите, во следните денови не очекува стабилно, сончево и потопло време, со постепен пораст на дневните температури и услови за уживање на летното сонце.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни