Дали ова е моментално најдобрата серија на Netflix? Приказна што ги открива најдлабоките стравови во љубовта

Новата Netflix мини-серија Something Very Bad Is Going To Happen носи мешавина од хорор и драма и ги истражува најдлабоките стравови во љубовните врски.

Новата мини-серија Something Very Bad Is Going To Happen премиерно беше прикажана на Netflix на 26 март и веднаш го привлече вниманието на публиката. Иако критиката ја оцени позитивно, најголем интерес предизвика поради својата необична комбинација на жанрови и темата што ја обработува – љубовта и сомнежот што често се кријат зад неа.

Серијата следи млад пар пред брак кој тргнува кон семејниот дом на младоженецот, но уште на самиот почеток атмосферата станува вознемирувачка. Чудни и необјасниви случувања, како напуштено бебе на бензинска станица и мистериозен човек кој ја следи главната јунакиња, создаваат чувство дека нешто лошо неизбежно ќе се случи. Приказната постепено се развива во мешавина од драма, хорор и натприродни елементи, поставувајќи го прашањето дали личноста што ја сакаме е навистина „таа вистинската“ или станува збор за илузија.

Критичарите ја пофалија серијата за нејзината способност да создаде напнатост преку суптилни детали и скриени навестувања. Според The Hollywood Reporter, делото нуди и искрено размислување за природата на вистинската љубов. The Mercury News истакнува дека серијата ги допира оние тивки стравови што се јавуваат во секоја врска, додека The Irish Times нагласува дека токму непријатноста од блискоста со туѓо семејство е искористена како основа за вознемирувачка, но впечатлива приказна.

Со својата мрачна атмосфера и психолошка длабочина, серијата остава впечаток дека секој момент може да се претвори во кошмар, правејќи ја една од најдискутираните нови содржини на платформата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни