Сомалија: Турција откри до 20 милијарди барели нафта – 90% ѝ припаѓа на Анкара

Турција откри потенцијални резерви од до 20 милијарди барели сурова нафта во Сомалија, во рамки на нејзините напори за проширување на енергетското присуство на Африканскиот Рог, јавува Middle East Monitor.

Според турски и сомалиски медиуми, истражувачките мисии веќе откриле две значајни наоѓалишта, додека третата зона сè уште се истражува, но се очекува и таму да има комерцијално искористливи количини на нафта.

Ова големо откритие следи по минатомесечниот договор меѓу Турција и Сомалија, со кој се овозможува турската државна нафтена компанија (Turkish Petroleum Corporation) и Сомалиската агенција за нафта (Somali Petroleum Authority) заеднички да вршат истражувања и експлоатација на копнени ресурси.

Иако договорот формално се претставува како поддршка за развој на енергетскиот сектор во Сомалија, тој е предмет на критики бидејќи на турските енергетски власти им се доделуваат околу 90% од правата врз нафтата и гасот. Дополнително, турските компании се ослободени од плаќање иницијални трошоци како бонуси и административни давачки.

Овој потег наидува на загриженост кај дел од јавноста, бидејќи го доведува во прашање балансот меѓу стратешката соработка и економската правичност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни