Успешна приказна која го менува градот: Неверојатното солунско метро

Станува збор за целосно автоматизиран систем без возачи и најсовремена технологија, поради кои овој систем се вбројува во најмодерните и најсовремените во Европа со високи стандарди за безбедност и квалитет. Токму поради ова, системот има висока прецизност и максимална ефикасност, а возовите можат да превозуваат до 18 000 патници на час во еден правец. Секоја станица е опремена со напреден систем на вентилација, како и лифт и рампи кои овозможуваат лесна пристапност на лицата со попреченост. Системот е интегриран со еколошки стандарди чија цел е да го намалат загадувањето и да поттикнат поголемо користење на урбаниот транспорт.

Кон крајот на 2024, во ноември, градот Солун го отвори долгоочекуваното метро кое се планираше и повеќе од две децении. Иако идејата за овој вид на транспорт изгледаше истовремено како настан со непознат крај, сепак, денес, граѓаните на Грција можат да го користат и да ги уживаат неговите придобивки кои го олеснуваат движењето.

Градот Солун е вториот најнаселен град во Грција кој се соочува со сериозни предизвици во организирање на инфраструктурата, сообраќајниот метеж и животната средина. Брзорастечкиот град со над еден милион жители, до 2024 година целосно се потпираше на јавниот автобуски сообраќај, често пренатрупан и ненавремен. Ова се некои од главните причини поради кои изградбата на метро во Солун беше многу потребна и долго очекувана од неговите жители.

Како функционира метрото во Солун?

Станува збор за модерен технолошки систем кој овозможува ова да биде првото метро во Грција кое е сосема автоматизирано. Нуди точен и ефикасен транспортен систем  на 9.6 километри, со 13 станици, чиј план е подоцна да бидат проширени. Возовите пристигнуваат на секои 2.5 минути во просек, а целата рута се минува за околу 17 минути. Со достапна цена од 0,60 евра за првите шест месеци и работно време од  5.30 наутро до 12.30 навечер ( со продолжено време за викенд), овој транспортен систем за брзо стана омилен меѓу граѓаните на Солун кои се свесни за олеснувањето во туристичката сезона, кога градот доживува голем раст на бројот на посетители.

Што е интересно за неговата изградба?

Изградбата на ова метро е значајна поради тоа што при неговото ископување се откриени огромен број артефакти од античкиот, византискиот и отоманскиот период. Дел од нив се изложени во чекалните како интересен изложбен експонат кој ги забавува туристите и останатите корисници. Тие се искористени при дизајнирањето како архитектонски изложбени простори. Едни од најзначајните открија се наоѓаат на станицата Аја Софија која ја посетивме, каде постојат зачувани антички улици и плоштади.

Плановите за метро во Солун постојат уште од 1986 година, но неговата реална изградба започнува во 2006. Пуштањето во употреба е одложено поради сериозни пречки во 2012, што дополнително ја одложува реализацијата на изградбата. Дополнителните трошоци за археолошките истражувања и промените во проектот со цел да се зачува културното наследство траеја со години. Сепак, финалниот производ е повеќе од одличен. Возењето со метро низ Солун навистина е ретко искуство.

Кои се неговите технолошки предности?

Станува збор за целосно автоматизиран систем без возачи и најсовремена технологија, поради кои овој систем се вбројува во најмодерните и најсовремените во Европа со високи стандарди за безбедност и квалитет. Токму поради ова, системот има висока прецизност и максимална ефикасност, а возовите можат да превозуваат до 18 000 патници на час во еден правец. Секоја станица е опремена со напреден систем на вентилација, како и лифт и рампи кои овозможуваат лесна пристапност на лицата со попреченост. Системот е интегриран со еколошки стандарди чија цел е да го намалат загадувањето и да поттикнат поголемо користење на урбаниот транспорт.

Метрото во Солун е уникатен пример на транспорт кој го поврзува археолошкото наследство и дизајн, што ги поттикнува дискусиите за разумни градови кои се во служба на своите граѓани, токму преку системи кои го олеснуваат нивното движење, поддржуваат еколошки и урбан развој на највисоко ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни