Search

Соломун прогласен за почесен гостин на Буенос Аирес

Познатиот диџеј и продуцент Соломун доби признание од Буенос Аирес и стана почесен гостин на градот за време на неговата турнеја на Јужна Америка.

На турнејата тој има настапи во Чиле, Бразил, Колумбија и Аргентина, каде што го доби признанието од градот Буенос Аирес.

Босанско-германскиот диџеј е првиот диџеј и музички продуцент кој го добил ова престижно признание од градот Буенос Аирес. На церемонијата во петокот беше истакнат неговиот значааен придонес кон електронската музика, но и кон развојот на туризмот во градот.

Помеѓу останатите личности кои го добиле ова признание се и Ал Пачино, Роџер Вотерс, Роберт де Ниро, Фу Фајтерс, Пол Мекартни и други.

Најново

Последни колумни