Последен пат сончев одблесокот со таква јачина се случил пред повеќе од илјада години – долго пред појавата на електричната енергија, пишува Дејли Мејл.
Но, ако нешто слично се случи денес, тоа би ги изгорело енергетски трансформатори, би предизвикало пад на финансиските пазари и потенцијално целосно затворање на авио превозот, предупредуваат научниците.
Пречистителни станици би можеле да изгубат струја, а храната во фрижидерите и замрзнувачите брзо би се расипувала.
Луѓето кои летаат на големи височини, особено во близина на половите, би можеле да бидат изложени на зголемено ниво на радијација, а долгорочно, нашата заштитна озонска зона може да биде оштетена.
Единствената „позитивна“ страна би била спектакуларната појава на поларната светлина – видлива низ целата планета.
Еве чекор-по-чекор водич за тоа што да очекуваме ако нè погоди сончева супер бура:
Експертите дознаа за претходниот екстремен сончев одблесок преку детална анализа на годовите на дрвјата. Во 2012 година, докторантката Фуса Мијаке направи изненадувачко откритие додека ги проучуваше многу старите јапонски кедри.
Таа забележала голем скок во количината на јаглерод-14 пред околу 1.250 години.
Тимот заклучил дека скокот мора да бил резултат на огромен број честички кои ја погодиле Земјата – најверојатно поради голема експлозија на Сонцето, пишува Дејли Мејл.
Феноменот сега е познат како „настанот Мијаке“, именуван по истражувачката која прва го открила.
Професорот по вселенска физика на Универзитетот во Рединг, Метју Овенс, изјави за MailOnline дека нов таков настан би предизвикал хаос на Земјата.
„Возбудливо е ако сте вселенски физичар, но страшно е ако сте оператор на електрична мрежа“, рече тој.
Доколку го снема интернетот, финансиските пазари како Њујоршката берза би пропаднале.
Авионите би доживеале целосно губење на комуникациите, а патниците и екипажот на голема височина во близина на половите би биле изложени на повисоки дози на радијација.
Енергетските трансформатори може да изгорат, предизвикувајќи губење на струја и електрична енергија низ целиот свет.
Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА сними слика од сончев одблесок на 1 октомври 2024 година, но дури и тој моќен одблесок би бил мал во споредба со настанот Мијаке.
„Ако изгубите струја, го губите и интернетот, но и поосновните работи – како чиста вода бидејќи пумпите работат на струја, а санитарните системи бараат струја. Дури и храната станува проблем – многу зависиме од ладилникот. Ако струјата ја нема подолго време, пристапот до вода и храна станува многу тежок“.
Експертите би имале само околу 18 часа предупредување пред да се случи настан од оваа големина.
Може да има сериозни последици и во воздушниот сообраќај, бидејќи комуникациските врски би откажале.
Доколку се повтори, настанот Мијаке би бил најмалку 10 пати посилен од веќе познатата соларна бура од 1859 година.
Познат како настанот Каринтон, тоа беше најинтензивната геомагнетна бура во запишаната историја. Предизвика аурори низ целиот свет – дури и во тропските предели.
Сепак, тоа предизвика хаос и во тогашните телеграфски системи – искри летале од апаратите, операторите добивале струен удар, а хартијата буквално горела.
Професорот Овенс вели дека е невозможно да се знае точно каков ефект би имал настанот Мијаке врз здравјето на луѓето.
„Нивото на зрачење за време на настанот во Каринтон би било еквивалентно на добивање на неколку рендгенски снимки на градниот кош“.
Можноста за нов настан Мијаке е тема на научна дискусија во последните години. Во студија од 2022 година објавена во списанието Proceedings of the Royal Society, истражувачите од Универзитетот во Квинсленд напишаа:
„Доколку настанот Мијаке се случи денес, ненадејното и драматично зголемување на космичкото зрачење може да биде катастрофално за биосферата и технолошкото општество. Посебно загрижува тоа што немаме речиси никаков начин да предвидиме кога ќе се случат такви настани или нивните последици“.