На интернет-страницата на Министерството за правда на САД исчезнале најмалку 16 документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, меѓу кои и фотографија на која се гледа поранешниот претседател Доналд Трамп заедно со Епштајн, Меланија Трамп и Гилејн Максвел.
Документите биле објавени во петок, но исчезнале помалку од 24 часа подоцна, без никакво објаснување од властите. Министерството наведе дека материјалите се прегледуваат и уредуваат според законот и оти јавноста ќе биде информирана дополнително.
Ова предизвика бројни шпекулации за тоа што е тргнато и зошто, а демократите во Комитетот за надзор го побарале целосното објавување.
Досега објавените документи откриваат малку нови информации за Епштајновите злосторства и за одлуките на обвинителите кои му овозможиле да избегне сериозни федерални обвиненија. Многу интервјуа со жртви и интерни меморандуми за одлуките за обвиненија не се вклучени.
Министерството за правда планира постепено објавување на останатите документи, поради потребата од заштита на идентитетот на преживеаните и други чувствителни информации.
Некои од новообјавените материјали содржат сведоштва пред голема порота и интервјуа со преживеани кои откриваат дека најмладите жртви имале 14 години.
Објавувањето на документите предизвика критики од жртви и од дел од Конгресот, кои бараат целосна транспарентност и одговорност за Епштајновите злосторства.