Нов сој на ковид наречен „Цикада“ се шири во десетици земји

Нова варијанта на коронавирусот е откриена во САД и веќе се појавува во повеќе земји. Станува збор за сој со голем број мутации што го прави посебно интересен за научниците. Иако засега не се смета за опасен, внимателно се следи неговото ширење.
Фото: https://www.vperemen.com

Нов сој на коронавирусот, познат како БА.3.2 и неформално наречен „Цикада“, е регистриран во половина од сојузните држави во САД и во најмалку 22 земји во светот. Според податоците на здравствените власти, оваа варијанта се издвојува по исклучително големиот број мутации, кои достигнуваат меѓу 70 и 75, што е значително повеќе од претходните соеви. 

Научниците велат дека токму овие мутации му овозможуваат на вирусот делумно да го избегне имунитетот стекнат преку вакцинација или претходна инфекција. Сепак, засега нема докази дека овој сој предизвикува потешка клиничка слика во однос на другите варијанти. 

Сојот првпат бил откриен во ноември 2024 година во Јужна Африка, а поголемо ширење започнал дури во текот на 2025 година. Во меѓувреме е регистриран и во делови од Европа, каде во одредени периоди учествувал со значителен процент од анализираните случаи. 

Симптомите кај заразените најчесто се слични како кај претходните варијанти, а меѓу почестите се болка во грлото, кашлица, температура, замор и главоболка. Кај дел од пациентите се јавуваат и дигестивни проблеми како мачнина и дијареја. 

Иако моментално не претставува доминантен сој, експертите предупредуваат дека неговата брза еволуција може да влијае на понатамошното ширење и евентуално да предизвика нов бран на инфекции, поради што се препорачува континуирано следење на ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни