Согорувањето на фосилни горива не го загрозува само климатскиот систем на Земјата, туку и здравјето на најмалку 1.6 милијарди луѓе, покажуваат нови податоци.
Иако јаглерод диоксидот (CO₂) — главниот стакленички гас кој се ослободува при согорување фосилни горива — директно не е штетен за здравјето, неговите последици врз климата се сериозни. Но, PM2.5 честичките, кои се ослободуваат при согорување на јаглен и нафта во електрани и индустриски постројки, се токсични и опасни по здравјето при вдишување.
Новата интерактивна мапа на Climate Trace, коалиција од академици и аналитичари која следи загадување и стакленички гасови, покажува дека овие опасни честички и токсини се испуштаат во близина на живеалиштата на околу 1.6 милијарди луѓе. Од нив, околу 900 милиони живеат во близина на „супер-загадувачки“ индустриски објекти — како електрани, рафинерии, пристаништа и рудници — кои испуштаат огромни количества загадувачки супстанци.
Десет најпогодени урбани подрачја
Меѓу градовите кои се особено погодени се: Карачи, Пакистан, Гуангџоу, Кина, Сеул, Јужна Кореја и Њујорк, САД
Иронично, токму во Њујорк оваа недела се одржува Генералното собрание на ОН, каде светските лидери зборуваат за климатска акција.
Во САД, алармот околу аерозагадувањето се користи и како контра стратегија против моменталните политики кои ја укинаа федералната климатска програма и го третираат климатското истражување како „измама“.
Еколошките групи изразија загриженост поради укинувањето на заштитните мерки за чиста вода и воздух во рамките на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA).
Аларм од Ал Гор: 8.7 милиони смртни случаи годишно
Поранешниот потпретседател на САД и коосновач на Climate Trace, Ал Гор, нагласи:
„Постројките што користат фосилни горива се доминантен извор на загадување кое ја предизвикува климатската криза. А честичките кои ги испуштаат во воздухот убиваат 8.7 милиони луѓе годишно.“
Тој додаде дека сега кога јасно можеме да видиме каде се изложени луѓето на опасно загадување, лидерите мора да преземат акција.
Climate Trace: Ново јавно достапно средство
Новата алатка на Climate Trace овозможува: следење на загадувањето во повеќе од 2.500 урбани зони, анализа на помеѓу климатска криза и здравствени ризици и сателитски податоци и сензори во реално време
„Алатката покажува директна врска помеѓу климатската криза и воздухот кој го вдишуваме“, велат од организацијата. „Идентификувањето на заедниците во најголем ризик е итен приоритет.“