Додека Португалија се опоравува од уште една атлантска бура , гласачите денес се упатуваат кон гласачките места во вториот круг од изборите за да го одредат наследникот на конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуза.
Околу 11 милиони лица со право на глас се повикани да гласаат. Избирачките места треба да се затворат во 19 часот по локално време, додека гласањето ќе продолжи уште еден час на западните Азорски Острови. Претседателот во земјата-членка на Европската Унија има релативно силни овластувања, вклучувајќи го и правото на вето на закони, распуштање на парламентот и распишување предвремени избори.
Според анкетите, 77-годишниот Антонио Хозе Сегуро од централно-левичарската Социјалистичка партија (ПС) е јасен фаворит, за кого се предвидува дека ќе освои до две третини од гласовите. Неговиот противник, десничарскиот популист Андре Вентура (43), би можел да освои околу 34 проценти.
Само неколку општини ја искористија можноста да го одложат гласањето поради лошите временски услови.
Во првиот круг од гласањето пред три недели, Сегуро освои најмногу гласови со 31 процент, но не го обезбеди апсолутното мнозинство потребно за победа. Се очекуваше помала излезност во вториот круг поради последиците од силните бури што ги погодија Португалија и делови од Шпанија во последните денови.
Само неколку општини ја искористија можноста за одложување на гласањето за една недела поради поплави или блокирани патишта. Се очекува победникот да ја преземе функцијата на 9 март, наследувајќи го Ребело де Соуза, кој ја води југозападната европска земја од 2016 година.
