Социјалните мрежи останаа без кошаркарската легенда Леброн Џејмс

Легендата на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека ги напушта социјалните мрежи до понатамошно известување, откако сподели објава во која се зборува за негативното известување на американските медиуми за кошарката.
Џејмс, кој има 212 милиони следбеници на Инстаграм и на Икс (поранешен Твитер), ја донесе оваа одлука откако сподели објава на Рич Клајман, долгогодишниот менаџер на НБА ѕвездата Кевин Дурент.
„Со оглед на количината на омраза и негативност во светот денес, ме збунува зошто некои од националните спортски медиуми сè уште мислат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативен агол. Мене ми изгледа сосема бесмислено да одговорам на сето тоа. “ напиша Клајман на платформата Икс.
На таа објава реагираше и Џејмс кој напиша „Амин“!. Потоа, 39-годишниот кошаркар додаде дека веднаш ги напушта социјалните мрежи.
Џејмс, кој стана првиот кошаркар со над 40.000 поени во НБА, и во минатото веќе еднаш ги напушти социјалните мрежи најмногу за да се концентрира на спортот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни