Објавени првите резултати од изборите во Албанија

Социјалистичката партија на Еди Рама освои 53,26% од гласовите

Според официјалните податоци, Социјалистичката партија освоила 53,26% од гласовите, што според анализите на весникот Albanian Post, е силен показател дека партијата е на пат да го освои четвртиот последователен мандат. Владејачката партија води во поголемиот дел од окрузите, што дополнително ја зацврстува нејзината предност.
EPA-EFE/STRINGER

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама убедливо води на парламентарните избори, покажуваат првите прелиминарни резултати што ги објави Централната изборна комисија (ЦИК), откако беа пребројани 1.038 избирачки кутии од вкупно 5.225 низ целата земја.

Според официјалните податоци, Социјалистичката партија освоила 53,26% од гласовите, што според анализите на весникот Albanian Post, е силен показател дека партијата е на пат да го освои четвртиот последователен мандат. Владејачката партија води во поголемиот дел од окрузите, што дополнително ја зацврстува нејзината предност.

Демократската партија далеку зад

На второ место се наоѓа Демократската партија – Сојуз за Голема Албанија, со освоени 33,92% од гласовите, додека останатите политички опции имаат далеку послаби резултати. Социјалдемократската партија освоила 3,79%, а Коалиционата иницијатива 3,51% од гласовите.

Слаба излезност и прв пат дијаспората гласа

Изборниот ден во Албанија заврши синоќа во 19 часот, кога беа затворени избирачките места. Централната изборна комисија соопшти дека излезноста изнесувала само 41,41%. Право на глас имаа 3,7 милиони граѓани, а за првпат во историјата на Албанија, во процесот на гласање учествуваше и дијаспората.

За 140 пратенички места во албанскиот парламент се натпреваруваа вкупно 2.046 кандидати, односно по 186 кандидати во секоја изборна единица.

Официјалните резултати се очекуваат во наредните денови, но според моменталните бројки, сè укажува на тоа дека Еди Рама ќе ја задржи функцијата премиер и во следниот мандат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни