Предрасудите не постојат во детскиот ум: Социјален експеримент на Телеком

Ако имавме магична моќ да бидеме како малите деца ќе живеевме во свет во кој нема омраза, предрасуди и стереотипи. А причината е многу едноставна – кога се раѓаат, децата не ги бараат разликите помеѓу луѓето, туку  им пристапуваат на различните од себе со отворен ум подготвен да прифати сѐ.

Детските умови, се обидуваат да ги разберат работите околу себе, бараат смисла во животот и во опкружувањето, наоѓаат забава во обични, сосем секојдневни нешта на кои возрасните не ни помислуваат. И токму ваквата искрена, отворена мисла ги прави нивните мисли неоптеретени од поделбата народови, расни, класни и сите останати разлики кои на возрасните имсе важни.

За уште еднаш да докаже дека човек не се раѓа со предрасуди, туку тие се учат во текот на животот, Телеком направи интересен социјален експеримент со неколку дечиња на различни возрасти. Погледнете го видеото и слушнете што рекоа тие:

Психолозите  велат дека децата на возраст од 2 до 4 години ја имаат когнитивната способност да забележат разлики (како боја на кожа или пак различен јазик), но не ги вреднуваат како нешто важно. Дури подоцна во животот, под влијание на родителите и опкружувањето, почнуваат да ги класифицираат разликите како нешто „чудно“ или „погрешно“. Децата ги имитираат родителите и постарите, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат.

Затоа, ајде да поставиме добар пример и внимателно да ги бираме зборовите што ги користиме околу децата. Ајде во нивните умови да посадиме разбирање за разликите наместо предрасуди, да . #НаправимеМесто за оптимизам, толеранција и разбирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни