Социјалниот иновативен стартап „Social Friday„ го најавува големиот почеток во Македонија, како што го нарекуваат и “The Big Kickoff,” каде ќе се соберат менаџерите за човечки ресурси од поголемите меѓународни и локални компании, на 06 ноември во 18.00 часот во културно едукативниот центар „Лабораториум„ во Скопје.
Локацијата е избрана токму заради споделување на заедничките вредности со „Social Friday„ во напуштање на традиционалните нефункционални модели за корпоративна и општествена одговорност и поздравување на намерата Македонија да стане лидер во социјалните иновации. Настанот го одбележува почетокот на револуционерниот пристап кон корпоративната општествена одговорност, трансформирајќи ги непродуктивните петоци во координирана активност во заедницата.
Овој настан наречен “The Big Kickoff” му претходи на светскиот ден на Social Friday, 13 декември, каде илјадници вработени од разни земји ќе се приклучат во активности во своите заедници како волонтери. Иницијативата која неодамна се ребрендираше како Social Friday Club United воведува рамка со спортски активности кои активностите од општествен интерес ги претвораат во интересни, тимски активности.
„ Ја ставаме Македонија на мапата како хаб за социјални иновации„, изјави основачот на ова движење, Фикрет Зендели. „Преку гемифицирање на социјалниот импакт, ја револуционизираме општествената одговорност на компаниите преку менување на нивното учество во активности во заедницата„, изјави Зендели.
Препознаена од страна на медиумот „Fast Company„ како „Идеја која го менува светот„ „Social Friday„ веќе ги привлече повеќето големи корпорации во Европа. Како иницијатива, „Social Friday„ дава решение за загубата од $1.9 трилиони американски долари само на американско тло заради непродуктивноста во петоците, канализирајќи го тоа време во значителни активности во заедницата.
На 6 ноември во културно едукативниот центар „Лабораториум„ ќе биде претставена ранг листата која го покажува учеството и влијанието на компаниите во разни земји, со неколку големи меѓународни брендови кои ќе го најават своето вклучување во движењето.