Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека овој чин претставува силна јавна изјава и јасна позиција на институцијата.
„Ова не е само визуелен симбол. Тоа е моќна порака дека највисоката претставничка институција стои на страната на секоја жена и девојка и дека насилството не може и не смее да се оправда под никакви околности. Нека портокаловата светлина поттикне размислување, но и надеж за општество во кое секоја жена живее без страв и со почит“, напиша Гаши на Фејсбук.
Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, дополнително нагласи дека осветлувањето на зградата е повеќе од симболичен чин – тоа е порака за институционална одговорност и поддршка.
„Нашата цел е заеднички да создаваме средина во која секоја жена е безбедна, заштитена и уважена“, изјави Димовска.
Со приклучувањето кон глобалната акција, Собранието уште еднаш ја потврди својата заложба за подигање на свеста и борба против родово базираното насилство.
