Собранието објави конкурс за ново лого: Фокус на национални и институционални вредности

Собранието на Република Северна Македонија објави Јавен конкурс за изработка на нов заштитен знак (лого), со цел, како што велат, модернизација и воедначување на својот визуелен идентитет.

Според соопштението на собраниската прес-служба, новото лого треба да ги одразува националните вредности, како и мисијата и визијата на институцијата.

Конкурсот предвидува поднесување на уникатни, досега неупотребувани дизајни, со обезбедена ексклузивност и гаранција дека предложените решенија нема да повредат ничии интелектуални права. Секој учесник има право да поднесе до три идејни решенија.

Предлозите ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на идејните решенија е 45 дена од денот на објавување на конкурсот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни