Во повратните вендинг машини на Пакомак се собрани рекордни 10.000.000 шишиња и лименки.
„Во 2021 година ја поставивме првата повратна вендинг машина со цел да се селектираат пластични шишиња и лименки кои можат повторно да се рециклираат во амбалажа. Со рециклирање на ПЕТ шишиња, ја минимизираме употребата на природните ресурси и придонесуваме за поодржлива иднина. Тие се рециклираат во нови шишиња, со што се намалуваат емисиите на CO2 за околу 60%“ велат од Пакомак.
Овој процес е во согласност со најновите стандарди за циркуларната економија на ЕУ, промовирајќи ја повторната употреба на материјалите.