Собир за поддршка на Марија Васиќ пред Централниот затвор во Белград

Феминистичката антифашистичка мрежа, заедно со повеќе граѓански собири, здруженија, студентски и неформални групи, угледни поединци, опозициски партии и невладини организации, повторно ќе се собератденес, понеделник во 19:45 часот пред Централниот затвор/Затворската болница на адреса Башванска 14а во Белград, за да дадат поддршка на приведената професорка Марија Васиќ.

Марија се наоѓа во сериозна здравствена состојба, штрајкува со глад и го ризикува својот живот со надеж дека во Србија конечно ќе се воспостави владеење на правото, правда и правичност, како и излез од длабоката општествена криза, се наведува во соопштението на неформалната група.

„Марија не може да стои на сопствени нозе – затоа дојдете сите, да бидеме нејзините нозе, нејзината поддршка“, апелираат организаторите.

Повикот е упатен и до шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жиофре, како и до амбасадорите на земјите од Квинтата. Настанот е уредно пријавен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни