Со јаткасти плодови до намален ризикот од дијабет

Раширената појава на прекумерна телесна тежина е обвинета како основа за многу болести, вклучувајќи дијабетес, но во комбинација со покачен холестерол и триглецериди го загрозува кардиоваскуларното здравје и го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Дијабетесот е сериозна хронична болест при којашто нивото гликозата во крвта на заболениот е покачено. Иако не е точно познато што предизвикува дијабетес „тип 1“, се смета дека тоа е последица од автоимуна реакција, при што телото погрешно се брани, односно тоа заболување не потекнува како „тип 2“ од прекумерна тежина или неактивен начин на живот.

Секогаш кога станува збор за спречување на болеста, всушност се мисли на дијабетес „тип 2“, па лекарите препорачуваат намалување на тежината и здрава, урамнотежена исхрана. Доктор Џозеф Амбани од Кенија, за списанието „Експрес“ (Express) тврди дека јадењето јаткасти плодови особено помагаат во намалувањето на опасноста од оваа болест.

– Јатките како што се бадеми, ореви и индиски ореви, се богати со незаситени масти, растителни влакна, протеини, витамини и минерали здрави за срцето, – појаснува д-р Амбани.

Според него, редовното јадење јаткасти плодови има доста здравствени придобивки тесно поврзани со дијабетесот. Тие ги намалуваат воспаленијата во телото, помагаат при контролата на нивото на шеќер во крвта, а воедно можат да придонесат при намалувањето на телесната тежина.

Извор: e-klinika

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни