Со „Змија в пазуви“ започнува неделата на шпански филм во Кинотека

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан играниот филмот „Змија в пазуви“, со што започнува неделата на шпански филм која ќе трае до 23 ноември.

Во последните години на Франковата диктатура, сестрите Ана, Ирене и Маите, сега сирачиња, мора да живеат со строгата тетка Паулина, неподвижната баба и грижливата слугинка Роса. Ана е убедена дека самата е виновна за смртта на својот татко, воен офицер, кој, пак, исто така, според верувањето на Ана, е виновен за прераната смрт на нивната мајка. Во темната куќа во која сега живеат, Ана се обидува да ги совлада болката од загубата и чувството на вина. Во повеќе моменти, кога почнува да ги меша фантазијата и спомените и да ги доживува како реалност, таа има „средба“ со дух. Таа комуникација, која Ана не може да ја дефинира, е спасоносната сламка за која се фаќа за да излезе од комплицираното и тешко детство.

Филмот е добитник на Гран при на Канскиот фестивал во 1976 година. Според повеќе критичари ова е еден најдобрите филмови од огормниот опус на Карлос Саура и е една од главните инспирации на Гијермо дел Торо за негвиот филм ЛАВИРНИТОТ НА ПАН.

Возрасна категорија: 12 години

ЗМИЈА В ПАЗУВИ

(Cría Cuervos / Cria!)

Игран филм, Шпанија

1976, 105 мин., колор, блуреј

Режија: Карлос Саура (Carlos Saura)

Сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura)

Улоги: Џералдина Чаплин, Моника Рандал, Флоринда Чико, Хектор Алтерио (Geraldine Chaplin, Mónica Randall, Florinda Chico, Ana Torrent, Héctor Alterio)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни