Со врачување на највисоките признанија, завршуваат Струшките вечери на поезијата

По завршување на меѓународното поетско читање „Мостови“ ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“

Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер, 24 август, на Мостот на поезијата завршува 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Фестивалската награда „Златен венец“ ќе му биде врачена на словачкиот поет Жан Пјер Симеон. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса Јулијана Величковска за Збирката „Рајсфершулс“., додека признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе му биде врачена на Матеуш Шимчиќ од Полска за книгата „Потребни се извори“.

По завршување на меѓународното поетско читање „Мостови“ ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“.

Денеска ќе се реализира и традиционалниот излет со брод до манастирот Свети Наум, каде ќе се одржи поетско читање.

Поетите ќе имаат можност да уживаат со вината на винарската визба Тиквеш, а на бродот ќе биде доделена и награда за најдобра песна посветена на виното „In vino veritas“.

Струшките вечери на поезијата свечено беа отворени во четвртокот со традиционалното палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година, поетот Иван Штрпка од Словачка.

Покровител на манифестацијата е претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни