Австралиски истражувачи утврдиле дека недостатокот на А, Ц, Е и комплексот Б витамини, доведува до намалување на половите хормони во организмот, а како резултат на тоа се намалува либидото. Во консултација со вашиот лекар, одберете во каква форма ќе ги надополните овие витамини, а ние ќе ве потсетиме на храната, која изобилува со нив:
Витамин А – рибино масло, путер, павлака, жолчка од јајце, морков, лист од брокула, спанаќ, тиква, диња, папаја.
Витамин Б1, Б5 и Б12 – риба, компир, банани, кафеав ориз, житарици, јајца, месо, млечни производи.
Витамин Ц – лимон, киви, свежи јагоди, шипинка, портокал, грејпфрут, магдонос.
Витамин Е – киви, манго, кајсии, домати, спанаќ, ореви, семки од сончоглед, житарици.
Интересен податок е и тоа што зајакнувајќи го либидото, витамините ја „ослабнуваат“ потребата од алкохол и од цигари. Со зголемувањето на хормонот на љубовта, се намалува интересот за овие пороци.
Извор: fitness.com.hr